Еурофарм Работник со пораз ги завршија настапите во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолчани гостуваа кај незгодниот унгарски тим Татабања, кој по убедливата победа во Битола, славеше и на домашен терен со 30-27. Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник се истакнаа Остроушко со девет голови, како и Маркоски и Граџан со по четири.
Татабања - Еурофарм Работник 30-27 (12-13)
Татабања:
Секели, Вујовиќ 3, Божовиќ 2, Иљеш 2, Сипош, Григорас 5, Демењи, Јухач 3, Пастор 1, Роста 4, Борзас 1, Наѓ 1, Денеш, Вранковиќ 4, Рознер
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајковски, Пецаковски, Чурлевски, Ојлески 1 , Маркоски 4, Пецаковски, Талевски, Стјепановиќ, Кузмановски 4, Радовиќ 2, Кукоски, Остроушко 9, Граџан 4, Џукиќ 4, Блажевски
Со ова учество во една групна фаза на ЕХФ Купот, како и со победата над хрватскиот претставник, Еурофарм испиша историја во македонскиот ракомет, како прв тим кој освојувал бодови во второто по ранг европско натпреварување на ЕХФ.