Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац првпат прозиваше откако е избран за селектор на сениорската репрзентација на Македонија. На поширокиот список за квалификациониот двомеч против Исланд повикани се голем дел од учесниците на Светското првенство во Германија и Данска, но и некои млади сили.
Изоставен е Филип Лазаров, повикани се шест ракометари на Еурофарм Работник и седум Металург. Повикани се дури шест ракометари на Еурофарм Работник: Чаневски, Кузмановски, Кукоски, Чурлевски, Крстевски и Маркоски.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 10 април против репрезентацијата на Исланд во Рејкјавик. Возвратниот натпревар против селекцијата на Исланд ќе се одигра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” со почеток во 20:00 часот на ден 14 април (недела).