ЕХФ ги делегираше кипарските судии Јоргос Панајидис и Маркос Андреу за натпреварот од шестото коло од групната фаза на ЕХФ Купот меѓу Татабања од Унгарија и македонскиот претставник Еурофарм Работник. Делегат на ЕХФ е Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина.
Делегацијата на Еурофарм Работник в петок наутро со авионски лет до Будимпешта ќе пристигне во Ѓер. Екипата на Алушовски ќе тренира утревечер во салата во која ќе се одигра натпреварот в недела од 15:00 часот.
Еурофарм Работник на првиот натпревар загуби од Татабања пред своите гледачи со 21-31.