На состанокот на пет клубови учесници во плеј-офот од Суперлигата, договорени се термините за заостанатите или поместени натпревари на Вардар и Еурофарм Работник во рамките на европските натпреварувања. Дуелот од второто коло меѓу Металург и Еурофарм Работник ќе се одигра на 4 април во салата „Автокоманда“.
Третото вонредно коло наместо на 3 и 4 април, ќе се помести на 6 и 7 април, а четвртото се закажува за 24 и 25 април.
Сите клубовите ќе му излезат во пресрет на Вардар со нови одложувања на термините во Суперлигата, ако „црвено-црните“ играат до самата завршница на Лигата на шампионите.