Еурофарм Работник загуби во групната фаза на ЕХФ Купот, овој пат на свој терен, во Битола од Хановер со 17-29. Бундеслигашот имаше и највисоки 14 голови разлика, на крајот Работник успеа само да дојде до пораз од 12 гола.
Еурофарм Работник - Хановер 17-29 (8-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 2.000
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајковски, Ојлески 1, Маркоски, Пецаковски, Талевски, Стјепановиќ, Кузмановски 7, Радовиќ 1, Кукоски, Крстевски 1, Остроушко 6, Граџан, Џукиќ 1, Блажевски
Хановер:
Цимер, Лесјак, Јохансен 5, Цехте 2, Маварс, Тиле, Певнов 4, Хефнер 4, Атман, Бем 2, Угалде 9, Сршен, Олсен 2, Брозовиќ 1, Кастенинг, Бухнер
Кузмановски постигна седум голови, Остроушко шест како најефикасни во македонскиот преттставник. Во составот на Хановер Угалде даде девет гола.
Ова беше последниот натпревар за Еурофарм Работник пред битолската публика во Европа оваа сезона, им останува уште гостувањето кај Татабања.