Ракометарите на Еурофарм Работник, како го почнаа, така и го завршија регуларниот дел од Суперлигата – со победа. Битолчани славеа кај Вардар Јуниор со убедливи 39-30. Битолчани без пораз го завршија овој дел од сезоната на домашната сцена.
Еурофарм Работник - Вардар Јуниор 39-30 (24-15)
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајковски, Ојлески 4, Маркоски 5, Д. Петровски, Пецакоски, Талевски 4, Каковски, Мемиќ, Кузмановски 4, Радовиќ 2, Крстевски 7, Остроушко 2, Бардакоски, Граџан 2, Ѓукиќ 9
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Вардар Јуниор:
Димов 3, Јанковски, Чакалиќ, Кукуловски 11, Карапалевски, Петковски, Ќосевски 1, Анѓелковски 1, Гашовски, Крстевски 4, Трајковски, Анѓеловски, Ѓорѓиев 3, Атанасовски 4, Цветаноски 1, Ставровски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути
Следниот вторник ќе биде познат распоредот за плеј-офот за титула во кој ќе играат Вардар, Металург, Еурофарм Работник, Пелистер, Бутел и Пролет.