Втор натпревар и втора победа за Еурофарм Работник во вториот дел на Суперлигата. Во заостанатиот натпревар од првото пролетно коло, битолчани како гости во својата сала во Битола го декласираа Прилеп со 23 разлика. Тренерот Алушовски пак шанса им даде на младинците и тие како и вчера против Борец целосно ја искористија.
Прилеп - Еурофарм Работник 18-41 (10-21)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Михајло и Методија Илиевски (Битола)
Прилеп:
Талески,Ангелески, Ивчески, Орданоски, Д. Трајкоски 2, С. Трајкоски, Крстески 2, Шокоски 3, Јосески, В. Трајкоски 4, Илиески 4, Темелкоски 3, Ѓероски, Чупетрески, Вренцоски, Стојаноски
Седмерци: 8/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Работник:
Чаневски, Бардакоски, Ојлески, Блажевски 7, Крстевски 2, Маркоски 3, Петровски 4, Талевски 3, Радовиќ 1, Каковски 7, Мемиќ, Кузмановски 3, Кукоски, Мандиќ 5, Граџан 4, Ѓукиќ 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Со само едно реми и без ниту еден пораз Еурофарм Работник останува лидер со огромна предност пред пратителите. Следи период во кој Алушовски и ракометарите ќе се подготват за плеј-офот и последните два натпревари од групната фаза на ЕХФ Купот.