По победата над Нексе Нашице, на прес-конференцијата во Битола говореа тренерот Стевче Алушовски и ракометарот Филип Кузмановски.
Двајцата им се заблагодарија на гледачите и поддршката и покажаа задоволвство од првите бодови во групата Б на ЕХФ Купот.
Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)
Нексе игра одлично „седум на шест“ и ги има најдобрите кружни напаѓачи во светот. Напорно работевме за овие 60 минути, во кои имавме и добри и лоши моменти, но добро е што на крај ја остваривме целта и запишавме значајна победа. Овие момци можат многу повеќе, верувам во нив и сигурен сум дека заедно ќе извојуваме уште многу вакви победи.
Филип Кузмановски
(ракометар на Еурофарм Работник)
Сакам да и се заблагодарам на публиката, таа беше нашиот осми играч. Нексе е одличен тим, но нашата добра анализа вроди со плод и знаевме како треба да одговориме на сите нивни напади. Со Алушовски екипата доби многу, и затоа сите ракометари вечерва оставивме срце на терен за историска победа. Нека оваа победа над Нексе нека биде само почеток на големиот успех на Еурофарм оваа сезона.