Денес во Битола, Стевче Алушовски беше претставен како нов предводник на РК Еурофарм Работник. По промоцијата новиот тренер изјави:
Резултатите и заедничката работа ќе пресудат колку долг ќе биде мојот ангажман, но планираме долгорочна соработка. Еурофарм е добар клуб, со добри играчи и нашата цел е да растеме и да одиме напред. Повеќето од играчите ги познавам, со дел сум бил соиграч, а со некои противник и затоа мислам дека овој предизвик за мене ќе биде големо искуство и се надевам дека тоа ќе вроди со плод и ќе ја оствариме зацртаната цел
Попладнево Алушовски ќе го одржи првиот тренинг, а утре експедицијата на клубот патува во Нашице на третиот натпревар од групата во ЕХФ Купот.