По завршувањето на натпреварот Еурофарм Работник - Татабања, актерите во натпреварот говореа во флеш интервјуто.
Еве ги изјавите:
Елмир Граџан
(РК Еурофарм Работник)
Во Хановер одигравме одличен натпревар против екипа која котира одлично во Бундеслигата. Тоа не беше случај вечерва во Македонија, изгоревме во преголемата желба, се надевавме дури и на победа, но не одговоривме на задачите кои ги бараше од нас тренерот Чирковиќ. Ни следи Нексе, екипа која е многу добра и во овој краток период треба да се подготвиме за противникот и да дадеме што е можно подобар отпор
Милош Божовиќ
(РК Татабања)
Поразот од Нексе остави трага на нас. Видовме дека Еурофарм доведе квалитетни засилувања како Остроушко, Радовиќ, Кузмановски и многу го респектиравме. Гледавме две видеа од натпреварите на Еурофарм, добро се спремивме и го сфативме натпреварот многу сериозно, што се гледа и по резултатот.
Татабања ја запиша првата победа во групата Б на ЕХФ Купот, победувајќи со 21-31.