Ракометарите на Еурофарм Работник пристигнаа во Хановер по авионскиот лет утрово од Солун. Ескпедицијата е без повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, но се очекува првите минути за новиот тим да ги одиграат Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко.
Вечерва екипата ќе одржи тренинг во 19:30 часот, а Чирковиќ тренинг сесија закажа и за утре изутрина.
Се предвидува и група македонски фанови од овој дел на Германија утре да ги бодри битолчани. Натпреварот се игра утре во 19:30 часот, а ќе го водат судии од Израел.