РК Еурофарм денес ги пушти во продажба билетите за првиот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Татабања, в недела на 17 февруари во 19:00 часот.
Билетите ќе се продаваат на три продажни места во Битола: Тобако Вагабонд - Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште) и Тобако All in one (новиот пазар) по цена од 150 денари, љубителите на ракометот ќе можат да го купат својот билет.
Во меѓувреме овој викенд битолчани ќе дебитираат во гости, на теренот на Хановер во Германија, в сабота од 19:30 часот.