Босанскиот интернационлец, Невен Стјепановиќ е нов член на македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник. Овој ракометар игра на позицијата десен бек и ќе му се стави на располагање на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Стјепановиќ е висок 199 сантиметри и зад себе има дебела интернационална кариера.
Пред да дојде во Еурофарм Работник, Стјепановиќ настапуваше за Локомотива Брчко, Железничар Ниш, Војводина, Спортинг и Духаил во Катар. Овој ракометар поминал низ сите репрезентации на БиХ, од кадетската до сениорската.
Неговото деби во новата средина се очекува в сабота кога Еурофарм Работник гостува кај бундеслигашот Хановер во рамките на првото коло од група Б на ЕХФ Купот.