Еурофарм Работник го положи генералниот тест пред деби натпреварот во групите од ЕХФ Купот и го победи Охрид на гостински терен со 22-31 (14-16).
Екипата на Чирковиќ водеше во текот на целиот натпревар, а скоро сите ракометари кои добија шанса, ја искористија.
„Во понеделник ќе го имаме првиот тренинг во комплетен состав и четири-пет дена да поработиме заедно“, велеше тренерот Чирковиќ, алудирајќи на репрезентативците кои играа на Светското првенство.
Еурофарм Работник на 9 февруари во Германија против Хановер ќе го одигра првиот натпревар од Б групата на ЕХФ Купот.