Есенскиот првак во Суперлигата, Еурофарм Работник постигна договор со 23-годишниот украински интернационалец Владислав Остроушко. Овој ракометар веќе потпиша за битолскиот клуб и му се стави на располагање на тренерот Чирковиќ на подготовките за пролетниот дел.
Остроушко игра на левата бековска позиција и во Битола доаѓа од Селкаспор. Покрај за турскиот тим настапуваше и за Динамо Минск, Мотор Запорожје, Баја Маре, Мешков Брест и Кадети Шафхаузен. Тој е стандарден член на украинската репрезентација.
Остроушко е второ засилување на Еурофарм Работник оваа зима по црногорскиот интернационалец Мирко Радовиќ.