Ракометарите на Еурофарм Работник продолжуваат со одигрување на контролни натпревари на подготовките во Србија. Екипата на Ѓорѓе Чирковиќ извојува победа против српскиот Спартак од Суботица со 32-25 (16-14). Во текот на сите 60 минути есенскиот првак во Суперлигата водеше и победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Шанса добија сите ракометари, со исклучок на Чурлевски, Кузмановски и Крстевски кои играат на Светското првенство во Германија и Данска.
За три дена следи уште еден пријателски натпревар за „фармацевите“, овој пат против Динамо Панчево.