Ракометарите на Еурофарм Работник го одиграа првиот контролен натпревар за време на подготовките во Србија. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ спарингуваа со унгарскиот шампион, ПИК Сегед и по одличното прво полувреме потклекнаа во второто и загубија со шест голови разлика.
ПИК Сегед - Еурофарм Работник 30-24 (13-11)
ПИК Сегед:
Алиловиќ, Шоштариќ, Македа 7, Бомбас 3, Габер 2, Калман 4, Сунајко 1, Марцика, Каспарек 3, Родригез 2, Бајуш, Тот, Сануи.
Еурофарм Работник:
Чаневски, Ѓукиќ 7, Петровски, Куковски, Марковски 3, Пецаковски 2, Ојлевски, Трајковски, Ивановски, Граџан 5, Талевски 1, Куковски, Мандиќ.