Суперлигашкиот лидер, Еурофарм Работник денес го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Битолскиот клуб се засили со црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ, кој доаѓа од Ловќен од Цетиње. 28-годишниот Радовиќ ќе ја засили десната крилна позиција, а може соодветно да одговори и како десен бек.
Црногорецот настапуваше и за Будуќност, Валанс од Франција и Цеглед од Унгарија.
Радовиќ ќе се приклучи на екипата во Србија и ќе дебитира во Хановер во првото коло од групната фаза на ЕХФ Купот.