Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари кои ќе ги почнат подготовките за Светското првенство 2019 во Германија и Данска. Подготовките ќе ги почнат 22 ракометари кои ќе се борат за место меѓу 16 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во јануари.
Од суперлигашкиот лидер Еурофарм Работник на списокот се наоѓаат Горан Крстевски, Филип Кузмановски и Филип Чурлевски.
Ракометарите се собираат во понеделник во 16:30 во хотелот Александар Палас.