Со полетна игра во текот на сите 60 минути, лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник запиша уште една победа и го совлада Бутел со 28-22 во Битола. Кузмановски постигна скоро половина од головите на победничката екипа, а битолската публика со аплауз го награди непоразениот лидер, Еурофарм Работник.
Еурофарм Работник - Бутел 28-22 (12-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 1.000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)
Еурофарм Работник:
Чаневски, Ивановски, Трајковски, Пецаковски 1, Талевски 2, Чурлевски 2, Каковски, Кузмановски 10, Кукоски 1, Крстевски, Мандиќ, Граџан, Ѓукиќ 6, Петровски 1, Блажевски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Бутел:
Панченко 1, Лазаровски 1, Трајковски 1, Андовски, Младеновски 2, Стојановски 4, Георгиевски 4, Божиновски, Димовски, Спасовски, Мојсовски 2, Николов 2, Печенковски 1, Блажевски, Василевски 3, Мајиќ 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Пролетниот дел од шампионатот почнува во февруари, кога Еурофарм Работник ќе настапи и во групната фаза на ЕХФ Купот.