Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез, го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и Данска. На негo се наоѓаат пет ракометари на Еурофарм Работник: Ојлески, Кузмановски, Чурлевски, Крстевски и Никола Маркоски.
Сениорската репрезентација се наоѓа во група Б со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Минхен.
Македонија натпреварите ги започнува на 11 јануари против репрезентацијата на Јапонија, потоа на 13 јануари противник е Бахреин, ден подоцна Хрватска, на 16 јануари сениорите играт против Шпанија. Во последното коло противник на Македонија е репрезентацијата на Исланд.