По ремито со Пелистер, лидерот Еурофарм Работник им се врати на победите во Суперлигата. Вечерва во Битола падна Пролет, кој го доживеа најтешкиот пораз во шампионатот досега. Не само резултатски, туку од секој аспект беа надиграни скопските ракометари.
Еурофарм Работник – Пролет 35-26 (20-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Работник:
Ивановски, Чанески, Трајковски, Ивановиќ, Ојлески 3, Маркоски , Пецаковски, Талевски 3, Чурлевски 4, Мемиќ 1, Кузмановски 5, Кукоски 1, Крстески 3, Граџан 2, Ѓукиќ 9, Петровски 2, Блажевски 1
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути
Пролет:
Кристо, Кимевски, Василевски, Аларов 1, Јовчевски, Давитковски 1, Василевски 5, Николовски 1, Коруновски 1, Трајковски, Џонов 5, Мајнов 9, Дамчевски 2, Стојановски, Манасков 1
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 4 минути
Најефикасен во победничкиот тим беше Милан Џукиќ со девет гола, a Филип Кузмановски постигна пет. Доне Мајнов погоди девет пати во тимот на Пролет, а Александар Василевски и Иван Џонов запишаа по пет погодоци.