Клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци, битолски Еурофарм Работник в четврток ќе се најде третиот барабан за ждрепката за групната фаза од ЕХФ Купот, која ќе се одржи на 29 ноември во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација.
Прв шешир: Гранољерс (Шпанија), Фуксе Берлин (Германија), Хановер-Бургдорф (Германија), Порто (Португалија)
Втор шешир: Холстебро (Данска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Татабања (Унгарија), Азоти-Пулави (Полска)
Трет шешир: Куенка (Шпанија), Ст. Рафаел (Франција), Кил (Германија), Еурофарм Работник (Македонија)
Четврти шешир: Нексе Нашице (Хрватска), ГОГ Гудме (Данска), Балатонфуреди (Унгарија), Доброгеа Суд Констанца (Романија)
Мечевите од групната фаза на ЕХФ Купот почнуваат на 9/10 февруари, а ќе завршат на 30/31 март в година по што ќе следуваат завршните пресметки.