Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот состав е поуспешен во двомечот од третото квалификациско коло од швајцарскиот Берн откако денеска во возвратниот натпревар победи со 28-30 и ја надополни сигурната и висока победа од 10 гола разлика од мечот во Битола минатиот викенд.
Берн - Еурофарм Работник 28-30 (15-13)
Берн:
Татар, Фрајберг, Шененберг 1, Хер 1, Баумгартнер 3, Гецман 4, Стрифелер, Милошевиќ, Кусио 7, Спинола, Герлих 7, Старм 2, Шимански 1, Арм, Мулеман 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Работник:
Ивановски, Чанески, Трајковски, Ивановиќ, Ојлески 4, Пецаковски 1, Талевски, Чурлевски 3, Мемиќ 1, Кузмановски 4, Кукоски 1, Крстески 3, Граџан 7, Ѓукиќ 3, Петровски 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 14 минути
Црвен картон: Дејан Пецаковски (Еурофарм Работник)
Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.