Во заостанатиот натпревар од 10. коло на Суперлигата, битолските суперлигаши Еурофарм Работник и Пелистер играа без победник 24-24. Двете екипи имаа свои моменти и можеа дури и да победат. Филип Кузмановски со успешно реализиран седмерец во последниот домашен напад донесе израмнување и реми.
Еурофарм Работник – Пелистер 24-24 (10-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Гледачи: 2.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Еурофарм Работник:
Ф. Ивановски, Чаневски, Трајковски, Ивановиќ, Ојлески 5, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 2, Мемиќ, Кузмановски 6, Кукоски, Крстевски 1, Граџан 4, Џукиќ 6, Петровски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 0 минути
Пелистер:
Вардаровски, Плех, Петров 1, Маџовски 4, Поповиќ 5, Чантурија 3, В. Димитровски 3, Табангует, Апостоловски, Лековиќ, Кобетиќ 2, Стоилевски 2, Дрогришки 3, Н. Ивановски, Перовиќ 1
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 10 минути
Следен предизвик за Еурофарм Работник е Берн Мури во третото коло на ЕХФ Купот в недела од 13:00 часот.