Еурофарм Работник – Берн 29-19 (15-7)
Ракометарите на Еурофарм обезбедија одлична предност пред реваншот од третото коло на ЕХФ Купот против составот на Берн Мури. Денешната победа од 29-19 најави одличен епилог и шанси за место во групната фаза.
Еурофарм Работник:
Ивановски, Чанески, Трајковски, Ивановиќ, Ојлески 1, Маркоски 1, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 1, Мемиќ, Кузмановски 8, Кукоски, Крстески 4, Граѓан 1, Ѓукиќ 11, Петровски 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Берн:
Татар, Фрајберг, Шененберг 1, Хер 1, Баумгартнер 2, Гецман 3, Стрифелер, Милошевиќ, Кусио 1, Спинола 1, Герлих 5, Старм, Шимански 1, Арм 1, Мулеман 3
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 6 минути
Најефикасни поединци во битолскиот суперлигаш беа Ѓукиќ со 11 и Кузмановски со осум гола, а кај Швајцарците се истакнаа Герлух и Мулеман со по четири гола. Возвратниот натпревар се игра следната сабота во Берн.