Неколку дена пред европското деби против Берн, Еурофарм Работник на прес-конференција ги најави очекувањата. В сабота од 17:30 часот следи првиот од двата натпревари против швајцарскиот претставник. На прес-конференцијата говореа тренерот и репрезентативното крило.
Ѓорѓе Чирковиќ
(тренер на Еурофарм Работник)
Ни престојат два натпревари против една од најсилните швајцарски екипи, а 120 минути не делат од пласманот во лигата на Европа. Во сабота се првите 60 минути во Битола и ќе ни треба многу работа, концетрација, волја, кои мораме да ги искористиме максимално. Убеден сум дека победникот ќе се решава во Берн. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите да бидат во салата в сабота бидејќи оваа екипи со односнот кон работата и игрите кои ги прикажа го заслужува. Берн е одличен противник, добро подготвен на секој план и затоа посакувам победнички амбиент на трибините, за дополнителна енергија и да направиме голем успех.
Гоце Ојлески
(ракомет на Еурофарм Работник)
Со нетрпение го очекуваме овој натпревар уште од август месец кога стартуваа подговките. Екипата оваа година има повисоки цели, ланската во Челинџ купот, а оваа не очекува ново напреварување каде имаме шанси да испишеме голем успех со влегувањето во групната фаза кога ќе се натпреваруваме со поголеми и позвучни екипи.
На денот на одигрување на натпреварот влезници ќе може да се купат пред аптеката Еурофарм на Широк Сокак и на касата во спортската сала Боро Чурлевски два часа пред одигрувањето на натпреварот. Резервација за влезници може да се изврши на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..