Во пресрет на претстојниот натпревар од EХФ купот меѓу екипите на РК Еурофарм Работник и РК Берн Мури од Швајцарија, кој ќе се одигра в сабота 17.11.2018 година во Битола, ве информираме дека влезниците за овој натпревар веќе се пуштени во продажба на три продажни места: Тобако Вагабонд - Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште), и Тобако All in one (новиот пазар). Цената на влезниците е 100 денари.
На денот на одигрување на натпреварот влезници ќе може да се купат пред аптеката Еурофарм на Широк Сокак и на касата во спортската сала Боро Чурлевски два часа пред одигрувањето на натпреварот.
Резервација за вашите влезници на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Во пораката која ќе ја испратите потребно е да го наведете вашето име и презиме, бројот на билети кои сакате да ги резервирате и да оставите податоци за контакт (број на мобилен телефон). Резервираните влезници ќе може да ги подигнете на едно од продажните места за што повратно ќе бидете известени преку е-маил. За резервација и купени на најмалку пет билети одеднаш, влезниците ќе ви бидат доставени на Вашата домашна адреса и дополнително како поклон ќе добиете постер од екипата на РК Еурофарм Работник сезона 2018/19, своерачно потпишани од играчите и стручниот штаб на клубот.