Еурофарм Работник ја забележа осмата победа во осмиот натпревар од Суперлигата, откако во Битола падна второпласираниот тим на табелата, Охрид, со 31-21. Битолскиот тим сега се одлепи на лидерската позиција со шест бода повеќе од второ пласираната екипа.
Еурофарм Работник - Охрид 31-21 (15-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 1.000
Судии:
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Ф. Ивановски, Ивановиќ, Ојлески 5, Маркоски 6, Пецакоски 1, Талевски, Чурлевски 1, Мемиќ, Кузмановски 3, Кукоски, Крстевски, Граџан, Џукиќ 11, Петровски 4
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Охрид 2013:
Брауновиќ, К. Андоноски 3, М. Ивановски, Блажески 4, Костов 1, Димитриески, Јовановски, Соколов, Д. Андоноски, Тасевски 2, Ристевски, Ѓеорѓиевски 5, Симоновски, Димитријески 2, Петровиќ 4, Везенковски
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 0 минути
Милан Ѓукиќ беше незапирлив за гостинските ракометари постигнувајќи 11 погодоци, Никола Марковски беше стрелец на шест, додека најдобар стрелец на Охрид беше Георгиевски со пет гола.