Ракометарите на Еурофарм Работник денес со внесување на своите лични податоци се регистрираа во системот за е-персонален данок. Со последните измени во Законот за персонален данок на доход , кој што стапи на сила на 1 јануари годинава, се менува начинот на пријавување на приходите кои ги остваруваат граѓаните и плаќањето на данокот, односно, развиен е нов систем т.н е-Персонален. Со регистрацијата на ракометарите, сакаат да го доближат до граѓаните како што велат полесниот и посовремен начин на пријавување на приходите.
Сега пријавувањето на приходите и данокот се прави електронски преку системот е-персонален, преку истиот систем сите граѓани кои оствариле приходи во текот на годината електронски ќе ја добиваат пополнетата годишна даночна пријава за остварени приходи и ќе имаат можност истата да ја потврдат и корегираат.