Шести натпревар и шеста победа за Еурофарм Работник во Суперлигата. Попладнево во Битола беше совлдан тимот на Прилеп вo натпревар во кој избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ водеа од првата до последната минута. Скоро сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелците.
Еурофарм Работник - Прилеп 2010 38-24 (20-9)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Михајло и Методија Илиевски (Битола)
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Кузманоски, Петровск, Ивановиќ 10, Ојлески, Марковски 1, Пецаковски 1, Талевски 7, Чурлевски 1, Мемиќ 2, Кузмановски 1, Кукоски, Крстевски 4, Граџан 3, Ѓукиќ 8
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 2 минути
Прилеп 2010:
Талески 2, Димоски, Шуклески, Орданоски, Трајкоски, Ѓоргиевски 2, Јанески 4, Галев, Шокоски 8, Бозароски 3, Ангелоски 4, Чупетрески, Мачевалов 1,
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Следува пауза во Суперлигата заради репрезентативните натпревари против Турција и Грција.