Со победа во уште едно дерби на гостински терен, против Бутел во Скопје, екипата на Еурофарм Работник ја продолжи доминацијата во домашниот шампионат. Откако го совладаа тимот на Пелистер, а потоа и Пролет како гостин, ракометарите на Чирковиќ со извонредна дефанзивна партија не му дадоа надеж на новиот суперлигаш, Бутел.
Бутел - Еурофарм Работник 18-23 (9-14)
Спортска сала: „Антон Димитров“- Скопје. Гледачи: 500.
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)
Бутел:
Панченко 1, Блажески, Трајковски, Василевски 1, Мајиќ 6, Лазаровски, Андовски, Младеновски, Стојановски, Георгиевски 1, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 2, Николов 1, Жегарац 1, Печенковски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Еурофaрм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Граџан 2, Ѓукиќ 6, Кузманоски 3, Петровски 1, Ивановиќ, Ојлески 3, Марковски 3, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Мемиќ, Кузмановски 4, Кукоски 1, Дрогришки
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Работник останува единствена екипа со максимален учинок во Суперлигата и единствен тим кој ги доби сите натпревари.