Трет натпревар и трета победа за ракометарите на Еурофарм Работник во Суперлигата. Со водство од првата до последната минута екипата на Чирковиќ првпат во историјата забележа победа на теренот на Пролет.
Повторно најдобри стрелци во екипата беа крилата Ојлески и Ѓукиќ.
Пролет – Еурофарм Работник 22-26 (9-13)
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Пролет:
Кимевски, Кристо, Ф. Василевски 1, Аларов 1, Јовчевски 1, Давиктковски, А. Василевски 2, Манев, Коруновски, Трајковски 1, Андоновски 5, Џонов 3, Мајнов 5, Дамчевски, Стојановски, Манасков 3
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Работник:
Чаневски, Ивановиќ, Ојлески 6, Маркоски 3, Пецаковски, Талевски, Трајковски, Чурлевски 4, Мемиќ, Кузмановски 2, Кукоски, Крстевски, Граџан 3, Џукиќ 5, Кузманоски 2, Петровски 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 16 минути