Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа втората победа во исто толку натпреври во домашната Суперлига. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа жилавиот Радовиш . Далеку подобро беше второто полувреме, во кое со две големи серии од 6-1 и 4-0 стигнаа до победа.
Трајковски беше одличен на голот, а со серија на лесни голови од полуконтри и контри, избраниците на Чирковиќ се радуваат на втора победа.
Еурофарм Работник – Радовиш 35-27 (15-15)
Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовки од Скопје
Делегат: Душко Камишевски од Скопје
Еурофарм Работник:
Трaјковски, Чаневски, Ивановиќ 6, Ојлески 7, Маркоски, Петровски, Талевски, Чурлевски, Мемиќ, Џукиќ 6, Крстевски, Дрогришки, Граџан 1, Кузманоски 6, Пецаковски 1, Кузмановски 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути
Радовиш:
Паунов, Томов 2, Бујиќ 5, Илиев 11, Долдуров, Ѓорѓиев, Мицев, Димов, Тушев, Јованов, Симиќ 1, Ристов 5, Лазаревски 3, Трајанов
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Работник спаѓа во екипите кои собраа две победи од два натпревари во Суперлигата.