По победата над Пелистер со 22-33, тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ не го криеше задоволството од играта и резултатот. Српскиот стручњак сепак не лета во облаци и најави дека вистинските мечеви се дури во плеј-офот.
„Му честитам на мојата екипа за победата. Таа не е многу резултатски значајна во овој период од натпреварувањето во Суперлигата, бидејќи не очекуваат уште три од вкупно четирите натпревари во лигата. Одлучувачките средби се во завршницата во плеј-офот, кога е разрешницата на сезоната. Победата за мене е значајна поради тоа што ќе ја зголемиме довербата помеѓу стручниот штаб и ракометарите“, рече Чирковиќ.
Еурофарм Работник од денес им се врати на тренинзите и го подготвува следниот предизвик и дуелот со Радовиш.