Градската пресметка меѓу Пелистер и Еурофарм Работник донесе убедлива гостинска победа на гостите со 22-33. Екипата на Чирковиќ поведеше од првата до последната минута и не дозволи драматика во текот на мечот.
Српското крило Ѓукиќ со 13 гола беше најефикасен поединец во натпреварот, но целиот колектив блескаше.
Пелистер - Еурофарм Работник 22-33 (9-15)
Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи:
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Пелистер:
Рајчиќ, Плех, Перовиќ, Петров 1, Маџовски 1, Поповиќ 1, Чантурија, Димитровски 4, Черубин 5, Карамиан, Митревски, Лековиќ 2, Кобетиќ 3, Стоилевски 1, Зејак 4, Ивановски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Работник:
Трaјковски, Чаневски, Ивановиќ 3, Ојлески 1, Маркоски 1, Петровски 3, Талевски 1, Чурлевски 2, Мемиќ, Џукиќ 13, Крстевски 1, Дрогришки, Граџан 1, Кузманоски 1, Пецаковски, Кузмановски 6
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минута
За време на викендот Суперлигата продолжува со второто коло во кое Еурофарм Работник го пречекува Радовиш.