Заради технички недостатоци во спортскат сала „Боро Чурлевски“ во Битола, двата клуба Пелистер и Еурофарм Работник постигнаа согласност за одлагање на натпреварот од првото коло на Суперлигата, закажан за в сабота во 18.30 часот.
Пелистер требаше да биде домаќин на утрешниот дерби дуел, но на барање на домаќинот, Еурофарм Работник излезе во пресрет и го прифати одложувањето. За целата ситуација е известена и Ракометната Федерација на Македонија, која дала зелено светло за промена на терминот. Новиот термин за битолското дерби во вторник на 18 септември во 18.30 часот.
Останатите натпревари од првото коло во Суперлигата: Бутел – Прилеп, Борец – Струга, Пролет – Охрид и Вардар јуниор – Радовиш, ќе се одиграат редовно за време на викендот.