Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник на една недела до почетокот на новата сезона во Суперлигата го официјализираше преминот на Филип Кузмановски во клубот до крајот на тековната сезона. Кузмановски ја прекина соработката со Металург и се одлучи за враќање во Битола, каде што ги направи првите ракометни чекори.
Претседателот на клубот, Зоран Стерјов и Кузмановски си подадоа рака и ракометарот веќе е во Битола и му се става на располагање на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ за почетокот на шампионатот. Со ова засилување, Еурофарм Работник ги нагласи глеите амбиции и можноста сезонава да ги надмине резултатите од минатиот шампионат и Куп на Македонија.
Филип Кузмановски - македонски репрезентативец
роден: 3 јули 1996 година
позиција: лев бек
висина: 198 сантиметри
Поранешни клубови: Пелистер, Металург