Ракометарите на Еурофарм Работник се освојувачи на Mеѓународниот турнир „Заим Кобилиќ“, откако единствени забележаа победи на двата натпревари. Во денешното финале битолчани немаа тешка задача против Млади Рудар и победија со 30-21.
Вчера во полуфиналниот двобој, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа босанскиот прволигаш Вогошча Хилс со 30-24.
Горан Кузмановски беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот. Екипата се враќа за Битола, каде во наредните две недели ќе се подготвува за суперлигашкото деби против Пелистер.