По нешто неполн еден месец работа, Еурофарм Работник се наоѓа на вистински пат пред почетокот на својата трета сезона во македонската елита. Новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ во интервју за „Балкан-хендбал“ не го крие задоволството од проектот на кој што наиде во Битола.
Еве дел од неговите излагања за Еурофарм Работник:
„Далеку се плановите за конечна борба за пласман. Имаме седум месеци да размислуваме само за себе. Во декември можеме да направиме и дополнителна селекција. Треба да бидеме екипа со алтернативи, екипа која ќе може да промени ритам, ќе може да игра алтернативна одбрана, брза транзиција. Уживам во овој проект, ова е здрав клуб, луѓето вложуваат приватен капитал, а за возврат бараат само успех, што во денешниот ракомет е реткост. Работите се поставени на добра основа, се надевам дека само вака ќе продолжиме“.
Еурофарм Работник од денес се сели во Белград, каде што ќе одигра пријателски натпревар со поранешниот клуб на Чирковиќ, белградски Партизан.