Ракометарите на Еурофарм Работник оваа недела ќе ја минат во Србија и Босна и Херцеговина каде што ќе одиграат три натпревари од подготвителниот период. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ ја завршија првата фаза на подготовки во Битола, па една недела беа во Маврово и одиграа четири натпревари на турнирот во Струга.
По враќањето во Битола, ракометарите на Еурофарм Работник тренираат секојдневно, а в среда ќе отпатуваат во Белград, каде в четврток ќе се соочат со српскиот суперлигаш Партизан. Ден подоцна експедицијата ќе замине за БиХ, каде ќе биде дел од Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“. Како дел од истиот ќе настапат и екипите на Вогошча Хилс, Искра Бугојно и домаќинот Челик Зеница.
Битолскиот суперлигш ќе одигра еден полуфинален натпревар в сабота и во зависност од исходот, финале или натпревар за трето место в недела.