Ракометарите на Еурофарм Работник го освоија седмото место на Струшкиот ракометен турнир, откако утрово во мечот на „Женска плажа“ во Струга го победија домашниот тим со 33-26.
Во текот на сите 60 минути екипа на Чирковиќ водеше и доминираше, а Петровски и Кузманоски со по пет гола беа најефикасни.
Струга - Еурофарм Работник 26-33 (10-18)
Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 200
Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола
Струга:
Кизиќ, Стојаноски, Мечкароски, Кузманоски 6, Бајрамоски 3, Мемед, Костоски 1, Хаџидимов 3, Крстаноски, Петровски 6, Нацев, Тренчески 5, Цитешвили, Јанкулоски 2, Дукоски, Барлакоски,
Седмерци: 3/4
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Ивановиќ 2, Граџан 6, Ѓукиќ 6, Кузманоски 6, Блажески 1, Ојлески 4, Маркоски 1, Талевски, Чурлевски 1, Мемиќ 2, Кукоски, Мандиќ 1, Дрогришки 3
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.
Екипата вечерва се враќа во Битoла и ги продолжува подготовките за новата сезна во Суперлигата и ЕХФ Купот.