Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа уште еден силен тест против стандарден учесник во Лигата на шампионите. Во второто коло на Струшкиот турнир, и покрај силниот отпор, екипата на Ѓорче Чирковиќ загуби од првакот на Турција, Бешикташ со 31:29.
Бешикташ - Еурофарм Работник 31-29 (15-15)
Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје
Бешикташ:
Гунај, Хендави, Ајтак, Каратај, Сарак 1, Озбахар 3, Ерсин 2, Ласица 4, Нуич 1, Томиќ 3, Коцарсан, Доне 3, Прибак 9, Крсмановиќ 1, Буљубашич, Демирезен 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајковски, Иваноски, Петровски, Блажевски, Ивановиќ 2, Ојлески 3, Маркоски 4, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 4, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Граџан, Џукиќ 5, Кузманоски 11
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути