Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник денес пристигна во Маврово и попладнево го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.
По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.
Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верув дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.
Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела.