Истакнатиот ракометен стручњак Илија Темелковски, кој во минатата сезона со успех ја водеше првата екипа на РК Еурофарм Работник е назначен за стручен координатор и советник во клубот. Раководството на клубот е убедено дека Илија Темелковски со успех ќе ја извршува и новата функција во клубот и ќе придонесе за уште подобри резултати на сите наши екипи.
Со Темелковски на чело Еурофарм Работник се избори за учество во ЕХФ Купот, играше за Суперкуп титулата и го продолжи континуитетот на сениорржската екипа.
РК Еурофарм Работник наскоро ќе го именува новиот тренер на сениорската екипа.