20-годишниот десен бек од Србија, Никола Ивановиќ е најновото засилување на Еурофарм Работник за сезоната која почнува во септември.
Ивановиќ е млад ракометар, роден во Суботица, кој се наметна во Црвена Звезда и Партизан и го носеше дресот на младата репрезентација на Србија.
Овој талентиран ракометар веќе го потпиша договорот и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Илија Темелковски и стручниот штаб. Еурофарм Работник од следната сезона ќе настапува во квалификациите за ЕХФ Купот.