Ракометниот клуб Еурофарм Работник го задржа костурот на екипата која две сезони по ред се избори за пласман во европските купови. Клубот ги продолжи договорите со пет ракометари од постоечкиот ростер. Голманот Филип Ивановски се договори уште четири сезони да го носи дресот на битолскиот суперлигаш, а Дејан Пецаковски на истек од договорот потпиша нов на уште една сезона.
Засилувањето од Одорхеи, Горан Кузманоски и во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник, а уште две сезони во Битола ќе игра и интернационалецот од Босна и Херцеговина, Елмир Граџан.
Михајло Петровски, кој добро се вклопи во амбиентот по враќањето од Унгарија, потпиша договор на една сезона.