Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник денес потпиша двегодишен договор со десното крило Милан Џукиќ.
Поранешниот ракометар на Раднички од Крагуевац, Војводина од Нови Сад, Мешков Брест, Железничар од Ниш и повремен репрезентативец на Србија, во својата кариера има богато меѓународно искуство и голем број на освоени трофеи во националните првенства и Куп натпреварувањата.
Со Мешков Брест, Борац од Бања Лука и Војводина ја освоил двојната круна, а минатата сезона 32-годишниот Милан Џукич со Железничар го освои Купот на Србија и имаше просек од седум голови по натпревар. Ракометарот потпиша договор до крајот на следната сезона и ќе се јави на прозивката на стручниот штаб.