Капитенот на Еурофарм Работник, Игор Трајковски успешно беше опериран по кинењето на лигаментите од коленото и веднаш го започна својот процес на рехабилитација. Кружниот напаѓач на битолскиот клуб се повреди на крајот од сезоната и го очекува долг процес на рехабилитација.
Се предвидува долг период на опоравување и Трајковски повторно ќе се врати на терените следната сезона.
РК Еурофарм Работник му посакува брзо заздравување на својот капитен.