На последниот натпревар во плеј-офот на Суперлигата, Еурофарм Работник загуби од Пролет во Скопје со 22-19 во натпревар кој за битолскиот клуб немаше голема резултатска важност. Во груб натпревар загрижува повредата на ракометарот на Еурофарм Работник, Горан Кузманоски.
Пролет - Еурофарм Работник 22-19 (11-10)
Спрска сала: „Македонско сонце“ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје
Пролет:
Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 1, Јовчевски 5, Давитковски, Мајнов 2, А. Василевски 1, Ролевски, Гроздановски, Трајковски 4, Андоновски 6, Дамчевски, Стојановски, Манасков 3.
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Работник:
Умовист, Чаневски, Ивановски, Ојлески, Д. Петровски, Пецаковски 5, Талевски 1, Чурлевски, Мојсоски 1, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 1, Дрогришки 2, Граџан 5, Кузманоски 3, М. Петровски 1.
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути
Во следната европска сезона Еурофарм Работник ќе ја претставува нашата земја во ЕХФ Купот.